Политики и выборы, Голосуйте свободно, Участвуйте в демократии, Голосуйте за перемены, Онлайн референдум
left right

Биография Бранко Црвенковски

> Macedonia > Политики > Socijaldemokratski sojuz na Makedonija > Branko Crvenkovski
Бранко Црвенковски Бранко Црвенковски
Бранко Црвенковски
Mакедонски политичар. | A Macedonian politician.
email

ОПИСАНИЕ КАНДИДАТА: 

Бранко Црвенковски Биография

MAC:

 

Бранко Црвенковски (роден на 12 октомври 1962 во Сараево) е македонски политичар. Во текот на својата политичка кариера бил Премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и Претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

 

Политичка кариера

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

 

Премиер на Македонија

  • Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.
  • Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по изборите во декември во 1994 година. Во периодот 1994-1998 Македонија успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации (ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со ММФ и Светска Банка.

 

Лидер на опозиција

По поразот на парламентарните избори во 1998 година, од 1998 до 2002 година бил лидер на опозицијата во македонското собрание. Поради започнувањето на воениот конфликт во 2001 година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучил кон Владата на политичко единство, која била формирана со цел да запре кризата во земјата. Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и со лидерите на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, и на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, како и со претседателот Борис Трајковски, се потписници на Рамковниот договор од Охрид.

 

Претседател на Македонија

На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата. Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.

 

На 12 мај 2004 ја презел функцијата претседател и се повлекол од премиерската положба и претседателската функција во партијата. За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.

 

Лидер на опозиција

На 24 мај 2009 Бранко Црвенковски повторно застанал на чело на Социјалдемократскиот Сојуз

 

извор

 

 

ENG:

 

Branko Crvenkovski (Macedonian: Бранко Црвенковски), (born 12 October 1962) leads the Republic of Macedonia's largest opposition party, the Social Democratic Union of Macedonia. He was Prime Minister of the Republic of Macedonia from 1992 to 1998 and again from 2002 to 2004, then President of the Republic of Macedonia from 2004 to 2009.

 

Crvenkovski was born in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, then part of SFR Yugoslavia. In 1986 he obtained a bachelor's degree in Computer Science and Automation from the School of Electrical Engineering at the St. Cyril and Methodius University in Skopje.

 

Political activity

He was elected member of the Assembly of the Socialist Republic of Macedonia at the first multi-party elections in Yugoslavia in 1990 after serving for several years as head of department at the Semos company in Skopje. A former communist, Crvenkovski has been at the head of the Social Democratic Union of Macedonia since April 1991. On 5 September 1992 he became Macedonia's second prime minister after its secession from Yugoslavia and continued in the post for another four years following the December 1994 elections. He served as Prime Minister from 1992 to 1998 and from 2002 until 2004. He was most recently elected in 2002 after his Social Democratic Union of Macedonia party won parliamentary elections.

 

In July 1996 he ordered that Albanian flags in front of government buildings in western part of the Republic of Macedonia be removed. The situation escalated with one person dead and many injured. In 2005, on his initiative, the Albanian flag was legalized. He won the April 2004 presidential election against Saško Kedev, and took office on May 12, 2004. He then resigned as prime minister. Crvenkovski did not run for a second term in the presidential elections in March 2009. Instead, he returned to his party and was elected to be the head of the party on 24 May 2009.

 

source

2011-06-29

updated: 2013-07-12

icon Branko Crvenkovski
icon Branko Crvenkovski

ElectionsMeter не несёт ответственности за содержание аргументов. Обращайтесь пожалуйста к изображаемому пользователю или автору аргумента. Каждый аргумент и каждый текст опубликованный на ElectionsMeter должен включать оригинальное имя автора со ссылкой на первоисточник. Пользователи обязаны иметь ввиду уведомления о нарушении авторских прав. Пожалуйста, прочитайте внимательно правила пользования сайтом. Если этот текст содержит ошибку или неточную информацию, и Вы хотите исправить этот профиль, или даже заведовать им, свяжитесь с нами пожалуйста. свяжитесьс нами пожалуйста..

 
load menu